Вести Економија Топ вести

Државата во јуни позајми над 50 милиони евра од домашниот пазар

Само во јуни државата се задолжи за над 50 милиони евра на домашен пазар. Средствата се обезбедени преку неколку аукции на државни хартии од вредност, инструмент кој владите редовно го користат за финансирање на државната каса.

Парите најчесто завршуваат за покривање на тековни буџетски потреби, а како најголеми купувачи на овие хартии од вредност се јавуваат банки, осигурителни компании, инвестициски фондови.

Во јуни во неколку аукции се издадени 12-месечни државни записи, две и 15-годишни државни обврзници со каматни стапки од 4 и 5 отсто.

Вакви аукции на државни хартии преку кој државата прибира пари, имало и во претходните месеци.

Овие задолжувања се предвидени и планирани. Влегуваат во вкупниот јавен долг на државата за кој министерката за финансии Кочоска на последната конференција за ребалансот на буџетот кажа дека нема да надмине 60 отсто од БДП, иако во ревидираната стратегија за долгот се прогнозира дека ќе ги пробие црвените линии и ќе биде над 61 процент.

Првиот квартал, пак, се заокружи со долг од над 10 милијарди евра или 59,7 отсто бруто-домашниот производ. Исто така, беше потенцирано и дека освен планираните, други задолжувања нема да има.

Домашните експерти во неколку наврати напоменаа дека за едно задолжување е многу важно за што точно се прави тој долг и по која цена, односно која е каматата која ќе треба да се враќа за заемот.

Од друга страна, пак, дефицитот се продлабочува. Годинава минусот во државната каса ќе достигне 750 милиони евра или 4,1 отсто од БДП.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се комплетира владината реконструкција – Мицкоски ќе ја објави по партискиот Извршен комитет

Дејан Дејан

Дурмиши: Анализата на пазарна ќе покаже дали ќе интервенираме во маржите

Sasko Dimovski

Побарала 300 евра од студент од Турција да го пушти на испит – професорка на Медицинскиот факултет во Штип фатена со парите во рака

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе