Вести Македонија Топ вести

Ле Риголер: Гласот на Северна Македонија за резолуциите за Украина во ОН беше неочекуван

Навистина постои неопходност за излегување од конфликтот во Украина, но има и поважна тема, а тоа е вредноста што денес ја даваме во Европа на територијалниот интегритет, почитувањето на сувереноста што бара единствен европски одговор, изјави амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер.

Во тој контекст додаде дека одлуката на земјава во однос на гласањето за резолуциите за Украина во Обединетите Нации (ОН) била неочекувана.

„Навистина вие посочувате кон важна тема, за одлуката за гласање на Северна Македонија во Њујорк која што за нас беше неочекувана. Мислам дека треба да се концентрираме на темата која што е важна, затоа што се случија гласањата во Њујорк, за проектот за резолуција. Постои навистина неопходност за излегување од конфликтот во Украина, но има и поважна тема, а тоа е вредноста која што денес ја даваме во Европа на територијалниот интегритет, почитувањето на сувереноста, империјализмот на еден сосед во однос на друг сосед, до тој степен што се негира неговото постоење, идентитет, и јазик. Тоа е тема која што бара единствен европски одговор. Целта на европската дипломатија денес, целта на секој од нас е токму да се одржи таа унитарност и да се има исти заеднички пристап кој ќе обезбеди безбедност на континентот во наредните години, наредените децени за нас и нашите деца“, рече абасадорот Ле Риголер на прес-конференцијата по повод презентација на програмата за годинашното одбележување на Франкофонијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Илиевска: Ниту една партија не сака ништо да промени, никој не треба да зема пари за кампања

Sasko Dimovski

Ивановска: Се докажа дека интересот е вечен и само тој ги спојува партиите, промените на Изборниот законик се сведоа на електронско гласање на дијаспората

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе