Вести Емисии Македонија Топ тема

Маглешов: Не ми се допаѓа понизноста на обвинителот Коцевски кон премиерот Мицкоски

Практично и денешното соопштение меѓутоа и прес конференцијата портпаролката на владата, таа наведе 2 причини зошто треба да е разрешен.

Индексот на граѓаните за борба против корупцијата што е да речам легитимно меѓутоа во таа смисла законот не предвидува дека можете некого да разрешите заради перцепција.

И втората работа дека направил некаков превид односно незаконие со распоредот ,односно со назначувањето на раководител на вишото јавно обвинителство .

Денеска добиваме еден друг тек на настаните би рекол во соопштението за министерството правда што го испрати се наведени 7 причини зошто треба да е разрешен.

Она што  мене не ми се допаѓа е неговата понизност кон премиерот и снисходливост кон тоа што значи како тој се однесува кон тоа што значи како тој се однесува кон целата сеопшта јавна дискусија  околу неговото разрешување. Не може премиерот додека трае претрес излегуваа и кажува штета на постапката да кажува кои луѓе ќе бидат уапсени итн. а јавниот обвинител за тоа да го нема никаде и да ќути. Така што мислам дека во тој контекст е дури многу понизен и сервилен во таа смисла и ова сега што се случува е веројатно некаков бумеранг на неговиот однос кои што е прилично поданички кон власта во оваа ситуација бидејќи да не заборавиме тој отвори предмет за следењето на премиерот откако премерот се пожали дека бил следен па обвинителот по допрен глас отвори предмет за тоа.

Јас немам впечаток дека обвинителот не работи ,напротив мислам дека баш работи за власта. И мислам дека ова е насилничко разрешување на државниот јавен обвинител и се разбира дека ќе се спроведе штом власта запнала тоа да го тера немам сомнеж дека така и ќе заврши ,меѓутоа остава еден лош сигнал бидејќи ние и во минатото имавме ситуации на разрешување обвинителот Прчевски беше разрешен Зврлевски итн изјави Маглешов во вечерашната Топ Тема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе