Филмови

ПРИРОДА НА ЉУБОВТА – петок, 14 февруари 2025 – 22:15

Софија е 40-годишна професорка по филозофија, која се наоѓа во третото доба. Десет години е во брак со Ксавиер, професор по политички науки. Тие имаат удобен живот и нивната врска е прилично стабилна и покрај нередовниот сексуален живот. Не се жалат, но јасно е дека нешто недостасува во нивната врска. Од друга страна, тие имаат богат и радосен социјален живот помеѓу нивните пријатели и почитуваните родители.

Удобниот живот на Софија се превртува наопаку денот кога го запознава Силвен, претприемач од Лорентијските планини во Канада. Ќе остави сè зад себе за да ја живее оваа горлива страст, велејќи си дека тоа можеби ќе и биде последена во животот. Но, љубовниците имаат различно потекло. Таа потекнува од богато интелектуално семејство во Монтреал, додека Силвен доаѓа од семејство на физички работници. Софија ќе биде ослободена од предрасудите, но ќе се впушти во преиспитување на сопствените вредности и аспирации, откако ќе се препуштила на големите романтични импулси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФИЛМОТЕКА НА ТЕЛМА 14-16 МАРТ 2025

Дејан Дејан

ТРКА СO ЃАВОЛОT – недела, 30 јуни 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ДОБРИОТ СОСЕД – недела, 16 март 2025 – 22:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе