Вести Македонија Најважни

Мицкоски, по слободата со амнестија за организаторите, бара слобода и за извршителите кои сѐ уште лежат за „27- ми април“

„Не го познавам ниту, пак, сум влијаел на одлуката на судијата“. Премиерот, ја сфатил примената на амнестијата синоќа, но не го знае ликот на судијата Илија Трпков кој ја прифати во предметот за организаторите на „27- ми април“.

Прашан, вели дека заслужиле слобода, и се радува за сопартијците Вељаноски, Ристовски и Јанакиески. Со паралела и контра прашање до правосудството, „Како кога нема организатори, се уште лежат извршителите?

Ако, судијата во одлуката им посочи на органзиаторите дека не се патриоти, денеска Мицкоски со став дека не се ниту невини оние кои упаднаа во Собранието. Сториле престапи, но не и тероризам.

Кривичниот суд го прифати барањето за амнестија на Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски.

На ова претходеше мислењето на Обвинителството според кое Законот за амнестија може да се примени за тројцата, но не и за 4-то обвинетиот екс-директорот на УБК Атанасовски.

Кривичниот суд во 2021 година ги осуди на 6 до 6 и пол години затвор четворицата обвинети.

Во април 2023-та Апелација ја укина пресудата и го врати предметот. Потоа судот донесе решение дека амнестијата не важи за овие обвинети, но Апелација ја укина и оваа одлука.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Концертот на Пласидо Доминго ја позиционира Македонија на светската културна сцена

Дејан Дејан

САД донираа ново мобилно опертивно возило за Црвен крст за справување со кризи

Дејан Дејан

Комората на трговци незадоволна од скалестата маржа, бара нова средба со Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе