Вести Македонија Најважни

Според лекарите смртта на новороденчињата настапила како резултат на премрзнување- телата се испратени на обдукција

Две новороденчиња близнаци, стари само 16 дена, починаа вчера, едното во домот во прилепското село Славеј, а другото во Болницата во Прилеп, откако било донесено во исклучително тешка здравствена состојба. Смртта според лекарите настапила како резултат на премрзнување. Од бoлницата соопштија дека близнаците се родени нa 30-ти декември во 8-миот месец од бременоста на родилката стара 23 години, односно недоносени, со тежина под два килограми.

На 10-ти јануари на барaње на мајката и со нејзин потпис, се испишани од болница, но вчера претпладне, откако на бебињата им се влошила здравствената состојба,  родитeлите повикале Итна помош. Екипата констатирала смрт кај машкото бебе, а девојчето нешто пред 11 часот  било пренесено во болница, каде безуспешни биле обидите на лекарите да го реанимираат. Тоа почина два часа подоцна.

  • По приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебиња  и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите обиди  состојбата продолжи да се влошува. Во 13:00 часот  е констатирана смртта на женското новороденче“ соопштија од  JЗУ Општа болница со проширена дејност “Борка Талески” – Прилеп.

Но, од Центарот за социјални работи во Прилеп велат дека кога вчера после трагичниот настан го посетиле домот на младата брачна двојка во Славеј, условите не биле екстремно лоши.

Домот бил затоплен, останатите три деца во семејството, кои се на возраст  на четири, три и година и година и половина, биле згрижени, нахранети и облечени.

  • Станбените услови се релативно добри, единствено што им недостасува  е хигиената во домот која не е на завидно ниво. За време на нашата посета во домот беше топло, имаше  запален оган, дополнително вклучена греалица, децата беа со уредна надворешност и нахранети, вели  Гордана Велјаноска, педагог во  Центар  за социјални работи Прилеп.

Семејството не било социјален  ризик, тоа примало надомест за трето дете и детски додаток  за другите деца. Родителите биле невработени, а таткото често аргатувал.  Иако Центарот има обврска да го посетува семејството еднаш годишно, стручните тимови биле кај нив додека живееле во Прилеп, но немале информација дека се преселиле во село Славеј и немаа точен податок кога последен пат биле кај нив.

  • До Центарот немало дојава ниту од членови на семејството ниту од заедницата дека има проблеми или  дека семејството е во ризик. Користеле дестки доадотк, но немаме информација дека имало проблем, вели Иле Тасевски, заменик директор на ЦСР Прилеп.

При посетата на селото Славеј денеска, децата беа згрижен од страна на дедото додека родителите беа по институциите. И тој и жителите велат дека семејството се борело со сиромаштијата.

  • Земаа некој денар, вака јас им помагам, се излегува некако на крај, вели дедото на близнаците.
  • Во сиромашни услови живеат, ако има низ село некоја работа ќе сработат и некој ако им помогне, велат жителите.

Јавен обвинител побара да се утврдат причините за смртта на новородените близнаци, а од Центарот за социјални работи ќе работат со родителите во насока на подигање на родителските капацитети, но засега не се отвора прашањето за одземање на родителското право, се додека не ги добијат резултатите од обдукциониот наод за причините за смртта на двете бебиња од селото Славеј, прилепско, за кои лекарите од прилепската болница тврдат дека премрзнале.

Емилија Мисирлиевски

Прилепска болница: Бебињата имале знаци на премрзнување

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе