Вести Економија Македонија Топ вести

30 километри пруга кон Бељаковце од денеска во функција

Тргна возот за Бељаковце. Во локомотивата бројни министри, заменици, директори во придружба на премиерот, за да се повозат „цели“ 30 километри од Куманово до Бељаковце. Ова се случува за првпат после речиси 3 децении. Во 1996 година последен пат сообраќал возот на оваа релација, сега пругата е реконструирана и е во состав на многу поголема инфраструктурна слика. Пругата кон Бељаковце е дел од Коридорот 8. Треба да нѐ поврзе со Бугарија. Тој проект ја преживеа транзицијата, надживеа повеќе влади и нивни ветувања. Телма анкетираше неколку жители, се сеќаваат на возовите уште кога го чекале Тито, а сега се надеваат и дека железнички ќе бидат поврзани на поголеми релации.

Линијата е дел од Коридорот 8, а придобивките се и за бизнисот и за граѓаните. Ова го вели евроамбасадорот Михалис Рокас. Железничката делница во иднина ќе го поврзе Скопје со Софија, а потоа и со пристаништата од Јонското и Црното море. Главна цел – поврзување на сегашните и идните земји членки на ЕУ.

Од Владата најавуваат дека за две до три недели започнува меѓуградскиот превоз на релација Скопје – Куманово, а во одредени денови и до Бељаковце. Денешниот ден го нарекуваат „ден за историја”.

Реконструкцијата на пругата Куманово – Бељаковце е прва фаза. Втората фаза е пругата од Бељаковце до Крива Паланка.

Црвеното светло на семафорот позади мене не служи за да го регулира сообраќајот. Тоа е така затоа што пруга понатаму не е изградена. Црвеното светло е крај на патот, а зеленото светло на семафорот ќе светне кога Коридорот ќе продолжи да се развива и во другите фази.

Од Владата се надеваат дека ќе најдат заеднички јазик со Бугарија по дипломатски пат, за реализација и на третата фаза од Крива Паланка кон источниот сосед, односно одглавување на проектот кој според сегашниот проект завршува во тунел без крај.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Илиевска: Ниту една партија не сака ништо да промени, никој не треба да зема пари за кампања

Sasko Dimovski

Ивановска: Се докажа дека интересот е вечен и само тој ги спојува партиите, промените на Изборниот законик се сведоа на електронско гласање на дијаспората

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе