Вести Економија Најважни

EСМ: Топланите ќе продолжат да работат на гас, набавката на мазут е законска обврска, на повикот никој не се јави

Топланите продолжуваат да работат на природен гас, набавката на мазут е законска обврска

Објавениот јавен повик на 31.12.2024 година (вторник), за набавка на резерви за алтернативно гориво-мазут за 15 дена работење на топланите, од страна на ЕСМ Производство на топлина-ДООЕЛ Скопје заврши. Ве известуваме дека на отворањето на јавниот повик на 08.01.2025 година(среда) не беше доставена ниту една понуда. ЕСМ Производство на топлина работи во насока да се изнајде соодветно решение.

Да потсетиме, Топланите со кои управува ЕСМ Производство на топлина ДООЕЛ Скопје користат исклучиво природен гас како примарно погонско гориво во процесот на производство на топлинска енергија и така ќе продолжи и во иднина. Вршителот на дејноста производство на топлинска енергија има законска обврска да обезбеди оперативни резерви од алтернативно гориво во количина којашто е потребна за најмалку 15 дена работа со максимален капацитет согласно лиценцата, со цел да обезбеди сигурно, квалитетно и континуирано производство на топлинска енергија.

Токму затоа, ЕСМ Производство на топлина, поради законската обврска, објави јавен повик за доделување на рамковна спогодба за набавка на резерви за алтернативно гориво-мазут за 15 дена работење на топланите најмногу до 11.000.000 kg.

Огласот беше јавно објавен на интернет страницата на АД ЕСМ www.elem.com.mk и во јавните гласила Службен Весник и Коха и беше достапен за сите заинтересирани економски оператори. Согласно објавениот оглас, друштвото планира да додели рамковна спогодба со избраниот добавувач, односно го задржува правото да набавува количини на мазут согласно тековните потреби, односно да не набави воопшто доколку се покаже за непотребно. Во техничките спецификации за предметот на набавка во тендерската документација е дефиниран стандардот кој мазутот треба да го задоволува, согласно барањата на домашната регулатива, како и индикативните количини кои би биле потребни за максимален режим на работа на топланите за 15 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Патријархот на СПЦ, Порфириј во понеделник во Скопје по повод националниот празник на Србите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе