Вести Економија Македонија

На државата и требаат околу 130 милиони евра – прво задолжување за оваа година

Пост празнично задолжување на домашен пазар. Веднаш по Бадник и Божиќ државата кај банките и кај останатите клиенти преку државни записи и обврзници се задолжи за 128 милиони евра.

Преку издавање на 15 годишни државни обврзници Владата собра околу 54 милиони евра, со тригодишните обврзници  11, 9 милиони евра, а со 12 месечните државни записи успеа да обезбеди околу 62 милиони евра.

Каматната стапка со која државата ќе ги враќаат овие пари се движи од 3, 8 до 5, 6 проценти.

Банките се оние кои најчесто учествуваат на ваквите аукции, но доминираат и пензиските фондови.

Дел од парите на државната сметка треба да легнати денеска, а дeл утре.

Во меѓувреме се ближи датумот на кој државата треба да врати еврообврзница од 500 милиони евра со камата од 2,75 проценти земена во 2018 година кога министер за финансии беше Драган Тевдовски. На крајот на јануари треба да се расчисти овој долг. За да се покрие Владата договори заем од 500 милиони евра од Унгарија со камата од 3, 25 проценти.

Од таму лани државата договори една милијарда. Освен за еврообврзницата, останатите пари се за капитални проекти во  општините и за стопанството.

За парите фирмите најверојатно ќе можат да аплицираат следниот месец. За нивниот пласман владата и банките водеа долги преговори околу трошоците кои ќе треба да ги враќаат компаниите. На крајот за да ги пласираат беше соопштено дека се согласите дел од помалите и дел од поголемите банки, но не се откри кои се.

Годинава државата ќе се задолжува и дома и во странство. Но, проекциите се дека јавниот долг ќе се движи околу 60 отсто од БДП, економски раст од 3, 7 отсто и инфлација од над 2 проценти.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Џек Смит : Победата на изборите го спаси Доналд Трамп од затвор

Дејан Дејан

Системот е-Даноци ќе се усовршува и оптимизира – платформата попладнево ќе биде во неколкучасовен прекин

Дејан Дејан

Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од мрежа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе