Магазин

Промовирани услугите за осигурување на новата компанија „Флекс Брокер“

Денеска е промовирана новата компанија „Флекс брокер“ која е дел од групацијата „Флекс“ и е задолжена за осигурителни услуги во групацијата.

Компанијата ќе понуди широк спектар на услуги во осигурувањето.

„Граѓаните ќе имаат можност за избор на низа осигурителни продукти кои треба да ја зајакнат оваа индустрија, која во земјава има голем потенцијал за раст. Како прв човек на брендот „Флекс“ во земјава, сакам да кажам дека избравме бројни професионалци, кои ќе раководат со „Флекс брокер“, луѓе со големо искуство и познавање“, вели Горан Арсов, сосопственик на групацијата „Флекс“.

Во палетата осигурувања што се нудат, граѓаните имаат уникатна опција за избор на осигурување на домот, за што се креирани и посебни пакети. Она што е ексклузивно е што осигурувањето е бесплатно за првата година, додека за втората и третата година се плаќа преддефинирана сума според квадратурата на домот. Со договор се добива можност за сериозен партнер за осигурување на возилото.

Според директорот на продажба во „Флекс брокер“, Александар Атевски, брокерското друштво на пазарот ќе се разликува од другите по својот уникатен пристап кон клиентите, како и по лесната достапност на секој поединец до сите понуди.

„Нашата цел со „Флекс брокер“ е да го направиме процесот на осигурување поедноставен, поблиску до граѓаните и бизнисите и да понудиме решенија што ќе ги задоволат специфичните потреби на нашите клиенти. Со широка палета на услуги, опфаќајќи сè од животно осигурување, осигурување на имот и автомобили, па до осигурување за мали и средни претпријатија, ќе бидеме подготвени да обезбедиме врвна услуга за секого“, вели Атевски.

(ПР текст)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Божиќната празничната сезона официјално започна во Атина

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Крава „ги нападна“ блоковите на РЕК Битола

Дејан Дејан

Полицијата на Абу Даби чекор пред времето – робот полицаец ги предупредува учесниците во сообраќајот да не прават грешки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе