Вести Македонија Најважни

Кој ја кочи борбата против криминалот?

Секојдневните критики за правосудството, премиерот Мицкоски ги повтори и денеска на т.н. робусна акција против судиите и обвинителите што ја спречуваат правдата  ја најави од понеделник но вели од тоа нема да прави естрада.

„Мислам дека имате претстава дека не функционираме како естрада и сигурно дека нема јас сега да кажувам како што тоа во минатото се случуваше пред камери или пред медиуми и да носам специјални полициски единици, да понижувам луѓе, индивидуи, итн. Имаме план, од понеделник почнуваме со негова имплементација. Доволно беше чекање. Чекавме, дадовме шанса. Очигледно дека прежестоки се нападите наеднаш на дијареа, грчеви во цревата, главоболка, температура, анксиозност, итн. кога ќе треба да се потпише последниот указ за да се спроведе правдата кај поедини обвинители, за жал“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Еден обвинител од скопското обвинителство откажа само еден состанок со МВР, а потоа соработката по предметот продолжи, објаснува државниот обвинител Љупчо Коцевски.

„Ако се однесува на тој еден случај, тоа беше некаде пред 20-тина дена, кога предметниот обвинител имаше вирус и не можеше да дојде на закажаниот состанок. Тој се одложи за четири – пет дена и од тогаш до сега има одржано неколку состаноци со надлежните од МВР за евентуална координација за одредени предмети“, изјави Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител.

За заканите од извршаната власт дека можат да го сменат, Коцевски упатува на законот за јавно обвинителство кој пропишува кога може да биде сменет.

„Јас ќе продолжам да работам најзаконито и чесно за сè што е во моја надлежност. Останатите политички изјави не можам да ги коментирам. Доколку евентуално имам сторено некоја грешка, условите се согласно законот за јавно обвинителство за евентуално разрешување“, изјави Љупчо Коцевски.

Коцевски, заедно со другите членови на советот на јавните обвинители, му поставуваа прашања на обвинителот Јован Цветановски кој како заменик на суспендираниот Мустафа Хајрулахи денеска го презентираше извештајот на Вишото Скопско обивнителство. И дел од членовите, но и новинарите се интересираа за тоа во колку предмети и зошто вишите обвинители повлекувале жалби и се откажувале од обвиненија. Тоа е клучното прашање и на надзорот кој што го спроведува републичкото обвинителство, а еден од предметите кои се под лупа е Поштенска банка. Цветановски, како виш обивнител, ја повлекол жалбата и предметот тежок осум милиони евра запрел. Тој денеска не сакаше да коментира за причините за ваквиот потег, додека не е готов извештајот од надзорот и тврдеше дека ги почитувал процедурите.

Кај Цветановски е и жалбата на ВМРО-ДПМНЕ за предметот бонусите на СЈО, откако обвинителството за гонење организиран криминал одлучи да ја отфрли кривичната пријава. Тој најави дека за 10-тина дена ќе донесе одлука и до тогаш не сака да коментира дали политичката партија има статус на оштетена. Токму тоа беше во фокусот на обвинувањата на суспендираниот шеф на вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи, кој тврдеше дека Коцевски му вршел притисок со тоа што побарал да не ѝ се дава статус на оштетена на ВМРО-ДПМНЕ .

Коцевски ова го негираше и рече дека хајката против него почна поради надзорот кој го иницирал во вишото обвинителство. Советот на јавни обивнители неодамна ја запре дисциплинската постапка против Цветановски за постапувањето на 27 април, изјави Јован Цветановски, обвинител во ВЈО Скопје.

Елена Ивановска Мукоска

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе