Вести Македонија Најважни

ЛДП станува трговец поединец, обвини иницијативниот одбор за промени во ЛДП

Отчетност и одговорност од раководството, особено од претседателката на партијата, денеска побара иницијативниот одбор за промени во Либерално-демократската партија, обвинувајќи дека партијата го губи својот идентитет.

За жал ова морам да го кажам, се повеќе се гласините меѓу членството дека ЛДП наместо политичка партија, почнува да го губи својот идентите, станува друштво со ограничена одговорност, да не речам трговец поединец. Ние сакаме да застанеме на таа појава и сакаме ЛДП повторно да биде оној фактор кој што беше и во градот Битола и во државата, вели Бошко Китановски, член на иницијативен одбор за промени во ЛДП.

Иницијативниот одбор за промени во ЛДП тврди дека претседателката на партијата, Моника Зајкова, ја замајува јавноста со тврдење дека добила потврда на мандатот од Централниот одбор на партијата, бидејќи такво нешто не е предвидено во статутот на партијата. Согласност за мандатот, велат од иницијативниот одбор, дава единствено Собранието на партијата, поради што ја повикаа денеска Зајкова да се одважи и да свика вонредно Собранеито на ЛДП.

Тие упатија и директна сомневање за претседателката на партијата дека делува независно во Собранието.

Потезите коишто таа ги прави во изминатиот период се повеќе наликува дека таа кокетира, условно да кажам, да не бидам сфатен погрешно од нејзина страна, или намигнува, да кажам, на одредни политички субјекти во државава и тоа не дава за право дека цврсто стои на одребите, коишто како ЛДП сме ги одредиле во претходниот период, вели Китановски.

Зајкова вчера пак изјави дека не е загрижена поради внатре-партиската иницијатива за нејзина смена по дистанцирањето од досегашните коалициони партнери, велејќи дека станува збор за  пет – шест лица кои поради лични амбиции собирале потписи од претседатели на општински организации што биле распуштени од претходниот претседател и фалсификувале потписи од починати лица.

По однос на состојбите во ЛДП имаше, да, некаква квази иницијатива. Велам квази затоа што беше претходно доставено до медиумите наместо, согласно статутот, до Централниот одбор. Централниот одбор заседаваше по однос на иницијативата и таа иницијатива доби нула гласови поддршка, изјави вчера Зајкова.

За нејзиното настапување како независен пратеник во Собранието и дали добила да се приклучи кон парламентарното мнозинство, таа вели дека немала таква понуда, а и кога би имала, најпрвин би разговарала со партиските тела, кои треба да решат за тоа.

Тамата Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Водата за пиење во Гостивар ќе биде пуштена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе