Вести Македонија Топ вести

Службените автомобили ќе добијат специјални регистерски таблички во боја, за да се избегне нивната злоупотреба

Вo иднина точно ќе се знае каде се возат службените автомобил. Од Службата за општи и заеднички работи на Владата најавија дека сите возила на државните институции  на територијата на Македонија, околу 6.500, ќе добијат специјални регистерски таблички во боја, за да се избегне нивната злоупотреба.

Со табличките во боја службените возила ќе се издвојуваат од приватните и лесно ќе се препознаваат во сообраќајот, а граѓаните ќе можат да пријавуваат нивна злоупотреба на телефонска линија кој ќе биде отворена за таа нaмена.

Предлогот за воведување регистарски таблички со посебна боја за службените возила, беше иницирано од претходниот состав на Антикорупциската комисија, поради индиции за тешки манипулации со службените возила во Владата, но уште повеќе на директорите на институциите.

ДКСК во 2022 година до Владата испратиле препорака, сите државни возила во земјава, без исклучок, да бидат обележени со црвени таблички.

Обележување на службените возила лани побара и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, за, како што изјави тогаш, тие да не се возат по ниви и во прељуба после работното време.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за платите

Sasko Dimovski

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денари – горивата со нови цени од полноќ

Sasko Dimovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе