Ќерамидница е под полициска опсада по претпладневната експлозија во која е повреден Раде Трајковски Штекли. Бројни полициски екипи се забележливи во населбата во која поставените жолти ленти укажуваат на ограничување во движењето. Соседите, пак, не сакаат да коментираат ништо во врска со настанот.
Трајковски се здоби со изгореници при експлозијата и веднаш бил префрлен во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Според раководството на болницата, тој е во стабилна состојба.
Штекли беше повреден претпладнево, околу 9:20 часот, откако во двор во куќа во скопска Ќерамидница била фрлена експлозивна направа.
Експлозивна направа фрлена во двор во Ќерамидница – повреден Раде Трајковски Штекли
