Експлозивна направа утрово е фрлена во двор на куќа во скопската населба Ќерамидница. Информацијата за Телма ја потврдиja и од министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска (14.11.2024) во 09:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош“, појаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Инаку, ова е трет обид за ликвидација на Штекли. Во период од два месеца лани, тој беше мета на напади во трговскиот центар „Ист Гејт“. Во еден од нападите беше погоден во пет куршуми.
Фото: Архива
