Вести Македонија Најважни

Седум амбасадори се отповикани од функцијата – министерот Муцунски вели дека е редовна процедура оти им завршува мандатот

Седум амбасадори се отповикани од функцијата. Указите ги потпишала претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова и тие се објавени вчера во „Службен весник“.

Министерот за надворешни работи вели дека ова е редовна процедура, согласно Законот за надворешни работи, на амбасадорите им завршува мандатот и наскоро започнува процес за именување на новите амбасадори.

Станува збор за амбасадорот во НАТО, во постојаната мисија на Северна Македонија во Обединетите нации во Женева, во Албанија, во Данска, во Ватикан, во Казахстан и во Катар.

Министерот Муцунски информираше и дека во моментов се вршат внатрешни процедури за амбасадорот Весел Мемеди во Рим и Андреј Жерновски во Букурешт. Во однос на амбасадорот во Обединетите нации, Љубомир Фрчковски, Муцунски кажа дека и покрај тоа што поднесе оставка, се уште трае внатрешната ревизија во МНР.

Според министерот Муцунски, приоритет во идниот период ќе биде именување на амбасадор во НАТО.

Согласно указите, мандатот на амбасадорот во НАТО, Дане Талески, престанува заклучно со 14 јануари, 2025 година, а на останатите амбасадори заклучно со 30 ноември, годинава.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеникот Арсовски потврди дека нивен активист е предложен за член на Советот за граѓански надзор

Дејан Дејан

Платформата за ХИВ апелира да се врати минимален буџет од 130 милиони денари за заштита на населението од оваа инфекција

Дејан Дејан

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе