Од СВР Велес велат дека сè уште е во тек увидот на местото на несреќата во близина на селото Рибарци.
Едно лице го загубило животот, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила кај селото Рибарци, на регионалниот пат Кавадарци-Росоман.
Од Министерството за внатрешни работи, односно од Секторот за внатрешни работи Велес за „360 степени“ првично информираат дека сообраќајната несреќа во која учествувале две возила била пријавена во 8:55 часот на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, во близина на селото Рибарци.
Оттаму велат дека сè уште е во тек увидот на местото и дека подетални информации ќе соопштат по неговото завршување.
