Вести Македонија

Ново пукање во Чаир, ранет маж, полицијата земала парафински ракавици од затвореник од Идризово

(ФОТО Илустрација) Доцна попладнево во Чаир е повреден 31-годишен маж откако во него било пукано додека се движел по улица. Бил ранет во нога.

– Денеска околу 18:10 часот во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ бил пријавен 35-годишен маж со прострелна рана во ногата. Повредениот Е. А. (35) од Скопје бил нападнат додека се движел пеш по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, информираа од МВР.

Повредениот во болница го донел неговиот брат којшто на полицијата ѝ појаснил дека повредениот се движел по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје кога му се приближило едно лице и му пукало во ногата. Полициските служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите на инцидентот. Повредениот е надвор од животна опасност и му е укажана лекарска помош во старата градска болница во центарот на Скопје.

Ранетиот, според информации на Телма е близок роднина на еден од осомничените припадници на кланот Грчец, којшто е во бегство и по кого е распишана меѓународна потерница.

Полицијата во својата истрага била и во затворот во Идризово каде од еден затвореник биле земани парафински ракавици (за проверка на барутни честички од евентиуално пукање). Затвореникот бил посочен како осомничен за пукањето иако тие наводи не дошле од страна на ранетиот скопјанец, дознава Телма.

Осуденикот имал дозвола за работен ангажман надвор од затворот во Идризово. Преку ден излегувал и работел во Скопје, а навечер се враќал зад решетки.

Пред десетина дена во Чаир имаше уште едно пукање и оружен напад.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лондон е против трговска војна со САД, Берлин и Париз бараат одлучен одговор од ЕУ

Дејан Дејан

Судот во БиХ распиша меѓународна потерница за Додик – се чека одобрување од Интерпол во Лион

Дејан Дејан

Нов чекор на Ереван за оддалечување од Москва – парламентот на Ерменија гласаше за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе