Жена во Вашингтон пријавила дека била прогонувана од 100 ракуни. Таа морала да побегне од дворот на својата куќа, откако во него дошле околу 100 ракуни кои се однесувале агресивно.
До немилиот настан дошло поради тоа што жената претходно веќе една деценија хранела семејство на ракуни, но, во последниве недели, бројот на ракуни што се појавил во нејзиниот двор се зголемувал.
Канцеларијата на шерифот и Одделот за риби и диви животни во Вашингтон утврдија дека не биле прекршени никакви закони. Официјални лица велат дека на жената и биле дадени насоки од страна на операторите за контрола на дивиот свет кои можат да и помогнат и да ги фатат и отстранат животните.
