Вести Најважни Свет

Светот стравува од регионален конфликт на Блискиот Исток, спласна оптимизмот за деескалација

Блискиот исток никогаш не бил поблизу до регионална војна од 1973 година, а стравувањата низ светот се дека тој конфликт лесно може да се прошири и во други земји. Но ништо не навестува дека ситуацијата ќе се смири на терен, напротив станува се полоша и полоша и покрај напорите на одредени земји да се стави крај на крвопролевањето.

Би сакал да кажам дека бев оптимист, но тешко е да се види од каде ќе се црпи тој оптимизам. Се надевам дека има можности што ќе се појават бидејќи за прв пат, секако во мојот живот, мнозинството од меѓународната заедница се обединува, вели Принцот Калид бин Бандар, амбасадор на Саудиска Арабија во ОК.

Двата последователни брана на експлозии кои одекнаа во Либан, поставени во пејџери и радио станици, во кои загинаа десетици лица, а стотици се повредени, се капка масло на огнот кој година дена беснее меѓу завојуваните страни. Хезболах, иранска филијала во Либан, прстот за последните напади го впери во Израел и најави жесток одговор.

Израел пак не ги коментира нападите но затоа пак од утрово распоредува илјадници војници на границата во очекување на напад од север, или пак можеби станива збор за втора фаза од војната како што и всушност најави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

 

Либанскиот амбасадор во Обединетото Кралство го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека поттикнува конфликт во регионот за да ја спаси неговата политичка иднина.

За жал, се соочуваме со израелскиот премиер кој сака да ја стави оваа земја во постојана воена состојба за да го одложи. Ризик од пад на неговата коалиција и соочување со обвиненија за корупција на суд, Така што целиот регион е заложник на политичката судбина на Нетанјаху, вели  либански амбасадор во ОК, Рами Мортада.

Нападите – за кои нашироко се верува дека ги изврши Израел, насочени кон Хезболах, во кои загинаа и цивили – ги зголемија стравувањата дека тлеењето на конфликтот на двете страни може да ескалира во сеопфатна војна. Советот за безбедност на ОН закажа итен состанок за експлозиите во Либан утре на барање на Алжир, арапскиот претставник.

Државниот секретар Антони Блинкен рече дека САД сè уште проценуваат како нападите во Либан би можеле да влијаат на напорите за преговарање за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас.

Мислам дека ова е чин на агресија против цивилите, луѓето од заедницата. Дури и ако сте, дури и ако некои од нив се борци, ова е неселективно чин на напад. Мислам дека употребата на неселективно сила или напади, кои очигледно би влијаеле врз цивилите, е нешто надвор од умот, нешто против меѓународното воено право, изјави Фирас Абијад, либански министер за здравство.

Хезболах поддржан од Иран – најсилните вооружени сили на Либан – разменува оган со израелската војска речиси секојдневно од 8 октомври, ден по смртоносниот напад предводен од Хамас во јужен Израел, кој ја предизвика војната во Газа.

Оттогаш, стотици се убиени во нападите во Либан и десетици во Израел, додека десетици илјади од секоја страна на границата се раселени. Хезболах тврди дека нападите кои ги спроведува на границата со Израел се со цел поддршка на неговиот сојузник, Хамас.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борел допатува во Киев да ја смири Украина по победата на Трамп

Дејан Дејан

Најмалку 25 загинати и речиси 50 повредени во експлозија на железничка станица во Пакистан

Дејан Дејан

Променливо облачно и постудено со сончеви периоди – Временска прогноза за 10.11.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе