Вести Македонија Најважни

Претрес на УЈП и МВР во повеќе фирми во Скопје, Гостивар и Струмица

Во повеќе фирми во Гостивар, Скопје и Струмица денеска има претрес од Управата за јавни приходи и МВР, а на разговор се повикани и десетина управители, адвокати, нотари, кои се поврани со фирмите. Ова го потврдуваат за Телма извори запознаени со истрагата. Тие велат дека постојат сомнежи дека фирмите функционираат во систем на криминална пирамида. Фирмите се сомничат за даночно затајување, перење пари, незаконски поврат на ДДВ, со што направиле милионски штети на државниот буџет. Во претресите во повеќе објети била одземена била документација и предмети.

Од основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција велат дека  по доставено известување од страна на МВР за сознанија до кои дошла УЈП, оформиле предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279 „даночна измама“ по член 279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик на група субјекти.

Освен што има претрес во фирми, заради прибирање докази, полицијата и инспекторите влегле и во дом и други простории на повеќе локации.

Полицијата и инспекторите координирано со истражители од Лабораторијата за дигитална форензика при истражниот центар на основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција при претресите обезбедиле бројна документација и електронски записи што ќе бидат предмет на  обработка и анализа со цел обезбедување материјални докази за потребите на водењето на понатамошната кривична постапка.

Од ОЈО велат дека претресите се уште се во тек. Поради тоа што станува збор за предистражна постапка која е тајна, не се откриваат повеќе детали за да не се наруши постапката. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка која според закон е тајна, јавноста навремено ќе биде информирана за поединости што нема да ја нарушат постапката.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе