Вести Македонија Најважни

Седум активни, три под контрола и девет изгаснати – биланс на пожарите во Македонија за изминатите 24 часа

Седум активни, три под контрола и девет изгаснати е билансот со пожарите во Македонија за изминатите 24 часа, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во Општина Прилеп, кај с. Пештани – с. Кокре – с. Кален – с. Дуње – с. Бонче – с. Крушевица – с. Волково – с. Штавица – с. Прилепец – с. Чумово – с. Селце – с. Лениште – с. Беловодица – с. Смолани – с. Дрен, каде гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.

Во Општина Чашка активен е пожарот на планината Мукос, кај село Ораов Дол, каде гори ниска вегетација, мешана борова и липова шума. Пожарот кај с. Оморани е локализиран, а кај с. Степанци е ставен под контрола.

Во Општина Петровец гори нискостебелста шума кај селата Градманци – Брезница – Катланово.

Нискостеблеста шума, смреки и сува трева, гори во Општина Штоп, кај селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик, полигон Криволак.

Во Општина Долнени активен е пожарот кај с. Десово, каде гори сува трева и ретка деградирана шума. Во Општина Прилеп активен е пожарот кај м.в. Дервен, каде гори шума, и кај селата Дрен – Смолани, каде гори букова шума.

Под контрола се три пожари во Општина Чучер Сандево: с. Танушевци, м.в. Рамно (мешана шума), Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре) и Општина Делчево: Градска депонија (ѓубре).

Од ЦУК информираат дека во изминатите 24 часа се изгаснати девет пожари – во Општина Гостивар: нас. Млаки, близу муслиманските гробишта (сува трева); Општина Струмица: м.в. Суфилар (сува трева и гаража); Општина Василево: с. Чанаклија – с. Нова маала (сува трева); Општина Куманово: нас. Карпош (грмушки и сува трева); Општина Ѓорче Петров: с. Никиштани (ѓубре); Општина Студеничани 1: с. Вртекица (мешана шума и сува трева); Општина Студеничани 2: с. Долно Количани (мешана шума и сува трева); Општина Кичево: с. Црвивци (ѓубре) и Општина Македонски Брод: с. Русјаци (сува трева). 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе