Вести Македонија Најважни

Активни шест пожари, еден под контрола, вчера регистрирани 40 на отворен простор

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 40 пожари од кои активни се уште се шест, а еден е ставен под контрола.

Активен е пожарот меѓу селата Пештани – Кокре – Кален – Дуње – Бонче – Крушевица – Волково, кој се шири на три крака  и тоа од селото Бонче кон селото Крушевица, превој Слива кон селото Чумово и кон селото Пештани. Гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.

Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во општина Чашка на планината Мукос кон селото Степанци, а во истата општина активен е пожарот кај селото Оморани и м.в. Кадиица – с.Ораов Дол каде гори мешана шума.

Активни пожари има и во општина Петровец меѓу селата Градманци, Брезница и Катланово, во општина Штип меѓу селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик, полигон Криволак, во општина Чучер-Сандево меѓу селото Танушевци и м.в.Рамно и во општина Долнени кај селото Десово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им попречил пат, се заканувал и со нож им исекол гума од автомобилот – постапка против работник кој нападнал газди заради неисплатени дневници

Sasko Dimovski

Откако се скарале, татко без дозвола ѝ го зел 10-месечното бебе на сопругата во Гостивар и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Со боксови и клоци ја тепал сопругата поради тестамент – се заканил ако не се врати дома до 22 ч., ќе ја запали куќата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе