Вести Македонија Најважни

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој се упати кон планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на Водно каде утрово изби пожар, информира дека биле запалени бандера во близина на детското одмаралиште, а еден час подоцна и планинарскиот дом. Искршено било и стаклото на продавницата на врвот на Водно.

Се работи за вандализам на најмалку три места. Од она што можев лично да го забележам е дека пожарот е започнат надвор од Домот од куп ѓубре или дрва кои биле запалени. Според кажувањата на првите очевидци, пожарот се проширил на дрвената рамка на прозорецот на планинарскиот дом, вели Ангелов.

Пријавата за запалена бандера на средно Водно е добиена околу 07:20 часот, а еден час подоцна и пријавата за планинарскиот дом.

На лице место забележале дека покрај опожарениот дом, скршено е и стаклото на продавницата, изјави Ангелов.

Жичарницата, како што информира Ангелов, не работи и не се знае кога ќе продолжи со работа поради прекин на електричната енергија.

Екипи на Министерството за внатрешни работи се на терен и работат на расчитување на случајот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе