Вести Македонија Најважни

(фото)Цела Битола без вода за пиење поради дефект на главниот цевковод

Без вода за пиење утрово остана цела Битола и околните населби  поради голем дефект на главниот цевковод на пумпната станица на ЈП Водовод. Директорот на претпријатието Андреј Гинов, потврди дека станува збор за сериозен проблем и вели дека екипите на јавното претпријатие од ноќеска се на терен за санација на дефектот, но неизвесно е кога во градот ќе се нормализира водоснабдувањето.

  • Имаше  испад од електричната мрежа на затворач од потисниот цевковод на пумпната станица. Дојде до хидрауличен удар, кој поради старост на материјалот предизвика голема пукнатина на цевководот. Во овој период  испумпуваме вода од акумулацијата „Стрежево“ до филтерница и така ги снабдуваме домаќинствата.  Цела ноќ работиме на санирање на дефектот на  цевководот, вели Андреј Гинов, директор на ЈП Водовод Битола.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе