Вести Македонија Најважни

Септемвриските пензии ќе бидат поголеми за 2.500 денари – премиерот најави и други пријатни изненадувања за пензионерите и работниците

Усогласувањето на пензиите ќе биде линеарно, а не процентуално како досега, измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување поминаа на вчерашната седница на Владата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој очекува најскоро, откако ќе почне да функционира Парламентот, да помине овој закон и, како што рече, септемвриската пензија да легне на сметката на пензионерите зголемена за 2.500 денари.

Премиерот појасни дека прво од септември годинава ќе има зголемување од 2.500 денари, а потоа од март 2025 година уште 2.500 денари.

„Ние ветивме дека во првата година пензиите линеарно ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Тоа ќе го направиме многу побргу, односно во првите девет месеци. Ќе видиме понатаму какви ќе бидат состојбите со буџетот“, нагласи Мицкоски.

Додаде дека понатаму може да има пријатни изненадувања за пензионерите, за работниците, итн.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе