Вести Најважни Свет

Зеленски вети одговор на најновите руски напади во кој загинаа четири лица, а 16 се повредени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека Киев ќе одговори на серијата нови руски напади во текот на изминатата ноќ, во кои загинаа најмалку четири, а 16лица беа повредени.

Русија гаѓаше над 90 цели во нападите врз цивили и инфраструктура, рече Зеленски, пренесува Би-Би-Си.

Несомнено ќе и одговориме на Русија за овој и за сите други напади. Злосторствата против човештвото не можат да останат неказнети, рече Зеленски на социјалните мрежи.

Тој додаде дека во тек се спасувачки операции во нападнатите региони, пренесоа украинските медиуми.

Зеленски изјави дека руските сили во нападите употребиле 81 дрон од типот „Шахед“,  како и крстаречки, балистички и аеробалистички ракети.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе