Вести Македонија Најважни

ВМРО ДПМНЕ ја обвини Костадиновска за трошење буџетски средства, таа демантира

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за луксузирање со народни пари и ограбување на државата. Прстот го впери кон екс министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. За неа, ова се измислици кои имаат единствена цел – да ја деградираат како личност. Ланскиот октомври, за 4 дена службен пат во Лондон, Костадиновска-Стојчевска потрошила 714 фунти од службената картичка за лични потреби. ВМРО-ДПМНЕ го претстави ова како прв случај од серијалот наречен „Бисера Антоанета“ за расфрлање со народните пари. Наведуваат дека ги потрошила за играчки, куфери, хулахопки, маички, ташна за милениче и друго.

-Бисера Антоанета потрошила 714 фунти исклучиво за лични потреби. Во продавницата Gift Galore London потрошени се 89 фунти и купени се фудбалска топка – city football и плишено мече Paddington bear – и двете се платени со службената картичка Виза. Шопинг манијата на Бисера Антоанета не запрела тука туку продолжила во познатата продавница за куфери Samsonite, каде министерката со средства од Буџетот решила да се поднови со два куфера, рече пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Лефков вели дека согласно Уредба, трошоците што ги прави министерот за култура не треба да бидат поголеми од 60 евра месечно и треба да се раздолжат во рок од 7 дена, а Костадиновска се раздолжувала и по неколку месеци.

Екс министерката ги отфрли ваквите наводи како неточни и нецелосни, дел од „ниска мизерна кампања на ВМРО-ДПМНЕ насочена кон нејзина лична деградација“.  Тврди дека нејзините трошоци биле транспарентни и согласно правилата. Го повика сегашниот министер Љутков да се посвети на подобрување на условите во куптурата наместо да верува во монтирани податоци.

 -Го охрабрувам ВМРО-ДПМНЕ, ако има било какви наводи за моја злоупотреба на државни пари, да постапи согласно закон и да покрене постапка, а не вака да ме деградира мене лично со измислување различни прекари. Тоа за нив не е чудно, но за јавноста и повеќе од половина  милион кои ги гласаа навистина  е смешно, зашто ништо од тоа што го тврдат не е точно. Мојата агенда за време на посетата на Лондон беше јавна и транспарентна. Може да се информираат дали јас сум имала време да направам толкав шопинг!, ИЗЈАВИ ЗА ТЕЛМА ЕКС-МИНИСТЕРКАТА бИСЕРА КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА. 

Костадиновска-Стојчевска беше министерка 2 и пол години. Нагласува дека нејзина одлика, како и на целата претходна Влада била транспарентноста, што повеќе нема да биде случај бидејќи алатката „јавни финансии“ е укината.

Соња Николовска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе