Вести Македонија Најважни

Состојбата не е алармантна, да нема паника меѓу граѓаните – Мехмедовиќ за растот на бројот на случаи со ковид-19 во земјава

Здравствените власти евидентираат зголемување на бројот на заболени со ковид-19 и апелираат да се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести. Од 12 до 18 август регистрирани се 271 нов случај на коронавирус, според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), што претставува зголемување од 60.4 отсто во однос на претходната недела.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ вели дека состојбата со ковид-19, засега, не е алармантна и нема простор за паника кај граѓаните. Мехмедовиќ информираше дека пациентите, засега, претежно се лекуваат амбулантски.

Тој препорачува почитување на куќниот ред за посета на здравствените установи и вакцинирање на сите лица над 65 годишна возраст и со хронични болести. Мехмедовиќ ја нагласува и употребата на заштитни маски на места со зголемена фреквенција на луѓе и често да се проветрување на просториите.

Лицата кои се позитивни на ковид-19, а немаат изразена симптоматологија, како што посочи, може да се движат со маска, односно нема изолација на пациенти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе