Вести Македонија Најважни

Со сателити и софтвер против пожарите – „Ороратек“ мапираше 1.711 квадратни километри зафатени со пожари во последните три месеци

Битката со пожарите се бие на терен, од земја и од воздух, а секогаш може да се користи и модерната технологија за предвидување и превенција на евентуалните катастрофи. „Ороратек“ е софтвер специјално изработен за борба против шумските пожари со преку рана детекција, управување со пожарите и анализа.

Софтверот на „Ороратек“  го користат над 30 држави во светот, а во регионот Хрватска и Грција, а компанијата изработува и специјализирани сателити за следење на пожари на отворено и во орбитата во моментов има вкупно 27.

Софтверот на „Ороратек“ има четири фази, предвидување на ризици во наредните девет дена, рана детекција, предвидување на трасата на пожарот каде што вештачката интелигенција ги пресметува факторите ветар температура, вегетација и анализа на изгаснатиот пожар.

Трајковски го искористи софтверот за куса анализа на два пожари со кои во моментов на терен се борат пожарникарите.

Софтверот на „Ороратек“ преку податоците собрани од над десет сателити кои од утрово минале над Галичица покажува дека пожарот ќе биде локализиран, нешто што го потврдија и од ЦУК, додека битката кај „Јасен“ ќе продолжи а досега се зафатени 87 квадратни километри а целосно изгорела вегетација на површина од над 13 квадратни километри.

Според податоците на „Ороратек“, во последните три месеци, односно од 16 мај до 16 август, на територијата се регистрирани 402 големи пожари и во оваа бројка не влегуваат запалени стрништа или депонии од помал обем.

Повеќе од половина, вкупно 210 се регистрирани минатиот месец. Големите пожари зафатиле вкупно 1.711 квадратни километри површина, најчесто шуми во планини или 6,7 проценти од вкупната територија на државата.

Сега е зафатена седумкратно поголема територија за разлика од лани кога горело на вкупно 211 квадратни километри имаме и имаме повеќе од двојно регистрирани пожари за разлика од 2023 година.

Она што е клучно за нас е што софтверот предвидува дека во наредните девет дена значително ќе се намали ризикот од појава на нови шумски пожари, секако кои не се намерно предизвикани, и тоа ќе им даде време на тимовите на земја и од воздух да се справат со пожарите кои и по дваесетина дена беснеат на територијата на Македонија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе