Вести Македонија Најважни

Два национални паркови и едно заштитено подрачје се во пламен

Три ер трактори и два хеликоптери од утрово го гасат пожарот во Националниот парк Галичица. Драматична е глетката и од Охридската и од Преспанската страна, што деновиве предизвикува силна вознемиреност кај граѓаните, посебно кај туристите кои синоќа ги напуштаа летувалиштата кои беа во чад.

Овде огнената стихија беснее веќе 10 дена и од ЦУК велат дека се води постојана битка со огнот кој е непристапен терен на надморска  височина над 2.000 метри, а неексплодираните гранати дополнително го усложнуваат гаснењето, поради што пожарот од високата зона навлезе и во буковата шума. Градоначалникот на Охрид, Кири Пецаков, оптимистички се надева дека пожарот ќе биде изгаснат во текот на денот.

Во моментот 3 ер трактори од кои 1 се полни директно од езерото, а два со полнење од Охридскиот аеродром и 2 хеликоптери се гасне од трите страни, Охридската, Преспанската и Албанската страна. Под контрола  е затоа што нема опасност за населени  места, но се уште е активен. Огромен е проблемот што точно на местата каде е активен пожарот минувала линијата на фронтот  од Првата светска војна, а само вчера имаше 40 експлозии, вели Пецаков 

И Битола утрово осамна обвиена во чад од два активни пожари. Едниот кој цела недела беснее под Кајмакчалан во маривовските села во близина на РЕК Битола, а вториот во Потпелистерието над битолските села Велушина и Острец.

Жестоки битки со огнената стихија до доцна во ноќта водеа битолските пожарникари, доброволци, вработени во РЕК и месното население за спас на село Паралово над рудникот Суводол, каде изгореа неколку стари куќи.

И во Потпелистерието синоќа имаше борба за огнот да не навлезе во Националниот парк Пелистер, каде се прават обрачи со тешка механизација. Од доброволното друштво „Архангел“ велат дека и тој пожар засега е под контрола.

Изгореа неколку викендици во Паралово, другото го спасивме, манастирот е под контрола, се чека огнот да стигне од другата страна да се изгасне со противпожарни возила. Во Острец се прави тактика да се смени правецот за да не оди кон Националниот парк Пелистер, вели Александар Ангелевски, од ДПД „Архангел“- Битола.

Инаку денеска активни се 12 пожари, а 7 се под контрола. Покрај пожарот на Галичица и двата битолски, сѐ уште гори борова шума на потегот од кај  ловиштето Јасен до село Белица. Исто така активни пожар има и во општините Кочани и Македонска Каменица, Долнени на две локации во Кичевско, во Маврово, Пласница, Пробиштип.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и свежо – Временска прогноза за 16.9.2024

Дејан Дејан

НАТО: Украина има законско право да напаѓа цели во Русија

Дејан Дејан

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 го осудија испраќањето ирански балистички ракети во Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе