Националните паркови во пламен. По, Јасен, и Галичица, пожар беснее и во Мавровско. Резерватот Јасен го гасне и армијата, а во 20-ти ден, стивнува, па се разгорува.
Националниот парк Галичица гори од двете страни. Гаснењето на овој пожар дополнително е отежнато поради детонации на неексплодирани минско-експлозивни средства, остатоци од поранешни војни. Освен војската, локалните територијални противпожарни единици и ЦУК и ДСЗ, и багерите на Бехтел и Енка напомош.
Во Маврово ријат заштитни појаси. Кој гаси знаеме, но кој пали треба да се фати и казни построго, претпочита директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Ако се погледне непристапноста на теренот и отсуство на жители, нема сомнеж дека пожарите се подметнати.
Пожарот кај Општина Пехчево вчера беше ставен под целосна контрола, а утрово одново букна. Заокружен е од три страни и нема можност да избега затоа што од четвртата страна има помала река која би го спречила неговото движење и затоа сметам дека имаме добра контрола врз овој пожар иако со вакви пожари никогаш не можеме да бидеме начисто, извести Ангелов.
Авијацијата не мирува, странската помош и домашните воздухоплови од утрово во прелети. Најпотребни се во кочанско, а пешадијата на терен во околијата на Македонски брод.
Според податоците на ЦУК, под контрола се пожарите помеѓу Демир Хисар и Охрид, како и оние во општините Чашка, Делчево, Липково и Кочани каде горат депонии.
Иако се работи за депонии имаме негативно искуство затоа што нивното гасење е исклучително комплицирано, вели Анеглов кој потести дека во неколку месечната битка искуството на службите е дека пожарите што навидум изгледаат беззначајни за миг можат да се претворат во големи и страшни шумски пожари.
Павле Беловски