Вести Најважни Свет

Прва жртва на пожарот кај Атика – изгорени куќи, деловни објекти, материјална штета на над 10.000 хектари

Тело на жена било пронајдено синоќа во опожарен деловен објект во атинска населба, што воедно е и прва жртва во големиот пожар што од неделата го зафати североисточниот дел на областа Атика, додека утрово ситуацијата со огнената стихија е значително подобрена, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот остави изгорени куќи, објекти и огромна материјална штета на голема површина што надминува над 10.000 хектари. Портпаролот на противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис, доцна синоќа рече дека ситуацијата е подобрена и постојат само помали активни жаришта.

Кусо по 5 часот утрово имаше големо разгорување во близина на населено место во источниот дел на областа Атика и до жителите беше испратена порака за евакуација од бројот 112 за итни случаи.

Пожарот е активен веќе трет ден, интервенираат 702-ца пожарникари со 27 пешадиски тима и 199 возила, како и голем број волонтери, а со првите зраци на сонцето почна гаснењето и од воздух.

Преку Европскиот механизам за цивилна заштита, Грција побарала помош за справување со огнените јазици, а позитивно одговориле Франција, Чешка, Италија, Србија, Романија и Турција, кои испраќаат противпожарни сили.

Воздушни средства испраќаат Турција, два противпожарни авиони тип „Tractors“, Србија еден хеликоптер од типот „Kamov“ и Франција хеликоптер од типот „Супер Пума“, додека, пак, копнените сили ќе пристигнат од Франција (200 лица, со 28 цистерни), од Романија, која испраќа 44 лица со четири цистерни, како и од Србија 35 лица со десет возила.

Од Италија утрово се очекува да пристигнат два противпожарни авиони Канадер, а Чешка испраќа 75 пожарникари и 25 возила, од кои 9 се цистерни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(вознемирувачко видео)Во обид на бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Регионот Атика е погоден од најлошата епидемија на Западнонилска треска досега

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе