Вести Македонија Најважни

Соживот, меѓуетнички односи, децентрализација – пораки од одбележувањето на 23 години Рамковен договор

Дваесет и три години по потпишувањето на Рамковниот договор, владата и партиите упатуваат пораки за надградување на меѓуетничките односи, за поголема децентрализација и за подобрување на животот на сите граѓани.

На свечената седница во Владата, премиерот Христијан Мицкоски посочи дека ниту еден од потписниците не бил целосно среќен и задоволен, но Рамковниот договор го донел тоа што во тој момент било најпотребно – мирот. Она што од него остана незавршено, вели тој, е работа на реалните проблеми на сите граѓани.

„Меѓуетничките односи се столб на наето заедничко општество. Тие не се само правни обврски или политички договори – тие се жив процес кој постојано бара наша посветеност и ангажираност. Влогот во добрите мешуетнички однсои никогаш нема крај. Тоа е како возење велосипед – ако престанеме, велосипедот ќе застане и патникот ќе падне. За да продолжиме напред, мораме да продолжиме да ги градиме и зајакнуваме тие односи“, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

За вицепремиерот Изет Меџити, главни столбови во државата се децентрализацијата и борбата со корупцијата. Верува во системски решенија и во конкретни дела што ќе ги направи оваа Влада.

„Сакам да се заблагодарам на нашиот премиер на оваа нова Влада што ќе даде милијарда евра за сите општини за децентрализација. Тоа е дел и од Охридскиот рамковен договор и ќе решава многу есенцијални проблеми во нашите населени места и во нашите општини, во функција на подобар живот на сите граѓани на Република Северна Македонија“, вели вицепремиерот Изет Меџити.

Рамковниот договор го означи крајот на неколкумесечниот вооружен конфликт. Го потпишаа лидерите на четирите најголеми партии: Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Арбен Џафери и Имер Имери, претседателот Борис Трајковски и двајца меѓународни гаранти – од САД Џејмс Пердју и од ЕУ Франсоа Леотар. За негова имплементација, за недискриминација и за правична застапеност, беа донесени уставни амандмани, повеќе од 100 закони и беше формиран Секретаријат кој прерасна во Министерство за односи меѓу заедниците.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(вознемирувачко видео)Во обид на бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Регионот Атика е погоден од најлошата епидемија на Западнонилска треска досега

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе