19 годишник со потекло од Македонија планирал да изврши голем терористички напад во Виена, за време на еден од трите концерти на Тејлор Свифт. Тој беше уапсен утрово, заедно со уште две малолетни лица, на возраст од 17 и 15 години, соопшти австриската полиција.
19 годишникот, кој австриската полиција го смета за главен осомничен при распитот признал дека сакал да со автомобил бомба да влета во насобраната толпа фанови пред стадионот Ернст Хапел во Виена.
Изјави дека сакал да изврши напад со експлозиви и ножеви. Ги запленивме овие оружја, и тој ги разгледувал и двете опции. Неговата цел била да се убие себеси и голем број луѓе на концертот вечерва, или утре, изјави директорот на агенцијата за државна безбедност и разузнавање, Омар Хајџави пирчер.
Австриските медиуми објавуваат дека 19 годишниот терорист, роден во градот Терниц, работел во фабрика за преработка на метал, од каде наводно украл хемиски супстанци со кои имал намера да ја направи бомбата.
Од полицијата соопштија дека според тоа што го заплениле при претресот на неговиот дом, може да се заклучи дека подолог период го подготвувал нападот.
Запленивме хемиски супстанци, течности, експлозивни направи и техничка опрема. Резултатите од истрагата покажаа траги од водорот пероксид, кој се кроисти во правењето експлозиви. И тој експлозив беше исто изработен. 19 годишниот осомничен призна сѐ, рече директорот на агенцијата за јавна безбеднот Франц руф.
За случајот известување добила и македонската полиција, која проверува дали осомничениот терорист доаѓал во Македонија, дали имал контакти со луѓе од државата и дали нашите служби имаат некакви претходни сознанија за него.
Од страна на австриските власти до Минситерството за внатрешни работи е пристигнато барање за проверка на лице, кое по потекло е од нашата држава, а истиот е осомничен дека планирал терористички напад во виена. од наша страна се постапува по однос на добиеното барање, изјави портпаролот Гоце андреевски.
Концертите на Тејлор Свифт во Виена требаше да бидат дел од нејзината глобална турнеја Ерас со целосно распродадени настапи во најголемите градови. Организаторите во Виена исто така очекувале голем број на посетители.
Најверојатно ќе имавме помеѓу 10.000 до 15.000 посетители пред стадионот уште денеска во 6 наутро. Тој број во текот на денот ќе се зголемеше до некаде 60.000, 65.000 луѓе, кои ќе се наоѓаа внатре во стадионот. Дополнително, очекувавме помеѓу 20.000 до 30.000 луѓе да останат надвор. Ова е неверојатен број на луѓе кои ќе се собереа околу стадионот денес,а утре и во петок. Засега, и покрај сѐ многу сум задоволен со одлуката, ова не беше едноставна одлука, но беше правилна, изјави за австриските медиуми евалд татар, портпаролот на Баракдуа мјузик, организаторот на концертите во виена.
Тинејџерот, според австриските безбедносни служби изминатиот период драстично го сменил својот физички изглед адаптирајќи го според пропагандните видеа и пораки на Исламската држава. Тој на крајот на јули си дал отказ од работното место, најавувајќи им на колегите дека имал големи планови.
Игор Трајков
