Вести Македонија Топ вести

„4iG Групација“ со интерес за влез во Македонија – унгарската компанија е потенцијален нов телекомуникациски оператор

Министерот за транспорт Александар Николоски ја информираше владата дека е пристигнато писмо со намери од операторот „4iG Групација“ во насока на зголемување на конкуренцијата и намалување на цените на услугите во мобилната и фиксната телефонија.

„4iG Групацијата” изрази интерес за анализа на условите за влез на телекомуникациски пазар во Македонија и нудење на услуги во мобилната и фиксна телефонија. Иницијативата е усогласена со стратегијата на „4iG Групацијата” за проширување на своето присуство во земјите од Западен Балкан“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

„4iG Групацијата“ е втор по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенска и одбранбена индустрија. Во 2022 година, „4iG Групацијата“ се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ONE, додаваат од прес-службата на владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе