Вести Македонија Најважни

(Видео) Телма на лице место на пожарите кои ја пустошат Македонија

Најопасно вечерва во Пехчево, огнените јазици се спуштаат кон градот. Општинарите со молби за помош. Се разгоре одново во Стар Дојран, евкуирани околните жители.

Огнот, кој изби попладнево во село Негрево, Пехчевско, се спушта кон градот во кој биеја камбаните за тревога. Доцна е за авијација, а градоначалникот бара помош преку социјалните мрежи.

Пожарот што денеска изби во атарот на пехчевското село Негрево е исклучително силен и тежок за гаснење, вели директорот на Центарот за управување со крици (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Според него, зафатена е квалитетна борова шума, а запалени шишарки летаат и по 20 до 30 метри и создаваат нови жаришта.

-Локални пожарникари од Берово и од Делчево се обидуваат да направат една линија, еден противпожарен појас сечејќи ги боровите за да не може огнот да се префрли од една на друга страна, изјави Ангелов.

Тој смета дека гаснењето на пожарот кај Пехчево ќе биде тешка операција токму поради запалените шишарки што летаат насекаде.

Локален пожар на депонијата излезе од контрола, зафати три куќи и се прошири во сите правци во Стар Дојран. Службите ги евакуираа жителите, локалните власти велат засега нема повредени. Но, иако службите успеа да го локализираат, пред малку одново се разгоре.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе