Вести Македонија Најважни

Венецуела: Македонски хакери се обидоа да манипулираат со изборните резултати

Обвинителството на Венецуела тврди дека сајбер напад извршен од Северна Македонија влијаел врз пренесувањето на изборните резултати од претседателските избори.

Според главниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, бил направен обид за манипулирање на резултатите, но тој не успеал.

„Целта беше да се измешаат вистинските извештаи. Го лоциравме и идентификувавме главниот водач -Лестер Толедо“, изјави Сааб.

Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, најави кривична истрага и против лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, обвинувајќи ја дека со уште две лица координирала компјутерски напад врз Националниот изборен совет од Македонија за време на претседателските избори во земјата.

„Резултатите од одделни изборни единици наскоро ќе бидат објавени на интернет страницата на Изборната комисија“, се вели од Обвинителството.

По гласањето во неделата, Изборната комисија прогласи победа на авторитарниот претседател Никола Мадуро со 51,2% од гласовите.

Опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес, според Изборната комисија, добил 44,2% од гласовите.

Македонија беше популарна на слична тема во глобалните медиуми и пред неколку години, кога велешани беа обвинети дека го помогнале изборот на Трамп во САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Мартин Јошески од АХВ – На кое ниво е координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје

Дејан Дејан

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот остана непознат

Дејан Дејан

Бројот на новозаболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува, но техничка вода во чешмите се уште нема

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе