Прв случај на кривична пријава против блиски роднини од семејството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. МВР ги осомничи браќата Дрин и Бесиан Ахмети, внуците на лидерот на ДУИ, на злоупотреба со концесија за минерални суровини. Бесиан Ахмети во моментот е дипломат во амбасадата во Брисел, иако новиот министер за економија барал МНР да го врати до крајот на август на старото работено местп. Дрин Ахмети се уште работи на проектот за купување на Соравиа, а пролеттта му стигнале 4,5 милиони долари од САД. Обвинителството ја истражува зделката и очекува правна помош од Америка.
Додека е во Брисел како дипломат и секретар во амбасадата, во Македонија е осомничен за злоупотреба на концесија за минерални суровини. Во биографијата покрај семејното, внук на Али Ахмети и брат на Дрин Ахмети, дипломатот Бесиан Ахмети доби полициска фуснота дека заедно со братот не плаќале за концесија за ископ на минерални суровини и се осомничени за штета на државниот буџет од околу 27 илјади евра.
Инаку, ова е прва кривична пријава за членови на семејството на лидерот на ДУИ, осомничените се негови внуци од роден брат. МВР пак иако станува збор за блиски луѓе на партиски претседател, објавија штуро соопштение за случајот.
Дополнително, покрај внуците на Али Ахмети, осомничени се уште 7 државни службеници од Министерството за економија и од Државниот инспекторат за техничка инспекција затоа што не вршеле надзор и овозможиле да не се исплатат парите на државата.
Обвинителството ни одговори дека отвориле предмет по кривичната пријава на МВР и отпочнале проверки. Новиот министер за економија Бесарт Дурмиши пак побарал од МНР до крај на август да го врати дипломатот од фамилијата од Зајас, на старото работно место во Економија.
Апсурдот е што осомничениот Бесиан Ахмети бил пратен за дипломат од Економија, иако пред две години е вработен во Министерството за економија во Секторот за минерални суровини. Задачата на овој внук на Али Ахмети била да проверува дали се почитуваат концесииите за минерални суровини и дали се плаќаат парите за концесии.
За разлика од работната задача, истото не го правел за фирмата во која бил управител во 2017-та година, а неплаќањето на концесијата го продолжил и брат му Дрин Ахмети, по него. Иако не плаќале добивале и тендери во Прилепски Водовод и во ЕСМ.
Фирмата преку која правеле злоупотреби се вика Еверест ЏД и се наоѓа во Соравиа. чија купопродажба е во тек и се изведува од страна на групација предводена од Дрин Ахмети.
КОД на Телма во минатото издание објави дека од Америка, од сопственикот на стриптиз бар во Тексас, Ник Назар Мехмети биле уплатени 4,5 милиони долари на сметка на Тхор-втората фирма на Дрин Ахмети. Обвинителството го истражува обидот за купување на Соравиа, а одговорија дека во таа предистрага побарале меѓународна правна помош и од САД.
Од Америка на сметката на внукот на Али Ахмети се пристигнати средства во три наврати, лани три милиони евра, а оваа година во март и во април 4,5 милиони долари.
Миомир Серафиновиќ