Вести Македонија Најважни

Неопходно е формирање на национална единица за борба против недозволена трговија со културното наследство

Да се подигне свеста за соодветен одговор во борбата против недозволената трговија со движното и недвижното културно наследство, решавање на проблемот со недостигот на компатибилен кадар, проблем со кој не се соочува само Македонија, туку и светот.

Случајот  „Фаланга“ вели јавната обвинителка Маја Конеска е само уште една потврда дека е потребна јасна стратегија за ваков вид криминал кој до 2010 беше многу скриен, но кога се отвори случајот се воочија  недостатоците во системот, некои работи се решија, но не сите.

Ситуацијата е исклучително комплексна и бара брза реакција, велат експертите.

„Мојот предлог со искуството што го имам до сега е формирање на Национална единица којашто ќе се бори одговорно со овој вид на криминал, особено организираните криминални групи. Да се направи едно посебно одделение со посебна група на полициски службеници, претставници од Управата за заштита на културно наследство и сите заедно. Едноставно да дадат организиран одговор на овој вид на криминал“, изјави Маја Конеска, Основно јавно обвинителство Скопје

Зајакнување на законодавната рамка и подобрување на професионалните капацитети на институциите кои се одговорни за заштитата на културното наследство.

„Свесни сме дека треба уште многу да се работи за поефективна координација помеѓу државните институции, локалните заедници и меѓународните партнери, како и подобри алатки за идентификација, следење и враќање на културните добра“, изјави Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Губењето на културното наследство, трговијата со истото е своевиден напад на личниот и колективниот идентитет забележа Матео Росати на отворањето на петдневната работилница „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“.

„Ова го прави културното добро толку посебно, покрај материјалните добра, материјалната вредност има и симболично значење кои ни значи нам како поединци, како народи и како луѓе. Кога ќе изгубиме културно добро, го губиме клучот да разбереме кои сме и од каде сме“, изјави Матео Росати, Регионално биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа.

Македонскиот национален комитет при Меѓународното здружение за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“ уште минатата година  реагираше дека немаме национален регистар на културно наследство каде би било впишани движните добра, со што постои опаснот тие да бидат да бидат продавани во регионот и низ светот.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе