Вести Македонија Топ вести

По координацијата со пратеничките групи се очекува да продолжи седницата за избор на новата влада

Претседателот на Собранието Африм Гаши даде пауза, повикувајќи ги координаторите на пратеничките групи на координација. Седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, треба да продолжи во 17.30 часот.

Во поладневниот дел од седницата, Павле Арсоски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија нагласи дека владината програма 2024-2028 ветува посветно и домаќинско работење и остварување на, како што рече, нашата заедничка визија – Македонија да биде модерна и европска држава.

Реџеп Исмаил од Левица потсети дека предложиле Македонската платформа која, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ја одби. Осврнувајќи се на предлог-програмата, истакна дека се остава „рамниот данок“, се предвидува „даночен рај“ и даночни олеснувања и бенефиции… Предвидувате економски раст, но, како што рече, со тоа само ќе го продлабочите јазот меѓу сиромашните и богатите.

– Образованието го нарекувате согласно пазарот на труд, културата ја замислувате само како економска дејност која нема никаква духовна карактеристика, како додадена вредност и како алатка за привлекување девизи, односно како додаток на туристичките водичи кои ги планирате. Исто така може уште и порадикално продолжува евроатлантскиот фундаментализам, рече Исмаил.

Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека има, како што рече, селективна правда, политички затвореници, епидемија на криминал и корупција во сите пори, катастрофална состојба во здравството. Потсети на случајот со Онкологија, на пожарот во модуларната болница во Тетово, на болниците кои не работат. Според неа, во образованието се правеле експерименти, пензионерите се на работ на егзистенција, има катастрофална инфраструктра во земјава. – Многу има да се зборува за лошите политики кои низ бројки ќе ги видиме во наредниот период сигирно многу поконкретно, потенцира Ангелевска, додавајќи дека она што го ветило ВМРО-ДПМНЕ ќе го исполни.

Таа го поздрави воведувањето  на Министерство за енергетика. Во однос на кадровските решенија, како што рече, понудени се кандидати, луѓе со богати биографии, стручни професионални искусни и компетентни за областите кои се предложени.

Пратничката на СДСМ, Бисера Костадиновска -Стојчевска во својот говор посочи на, како што рече, „лагите на ВМРО- ДПМНЕ за време на кампањата, но и предходно кога на големо велеа  дека сме ја дале држвата и името под бугарски диктат“.

-Доста беше со двосмислени изијави или пу пу неважи, за најважните прашања. Па да потсетиме дека во редовите на ВМРО-ДПМНЕ имаат кандидат кој не ја прзинава химната и вели дека нема да ја пее. Во ова мнозинство има кандидати кои со своите црвени линии кои ги поставија седнаа на маса со Ванчо Михајлов. За време на кампањата имавте изразени црвени линии, ама сега ја прецртавте бојата, сега  нема ниту линии ниту граници кога станува збор за власт, истакна Костадиновска- Стојчевска.

Пратеникот Сали Мурат истакна дека програмата е далеку од реалноста и оти малку се застапени помалите етнички заедници, а најмалку турската заедница. Веќе 20 години не е дограден Турскиот театар, околу 10.000 луѓе во село Врапчиште во летниот период немаат вода за пиење, нема добри патишта во руралните места каде живеат Турци.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изложба на слики, цртежи и графики од Вангел Наумовски во Галерија „Остен“

Дејан Дејан

Битиќи: Веќе е поминато времето да зборуваме за колективна одговорност

Дејан Дејан

Битиќи: Во овој момент сѐ уште сум оптимист дека партијата ќе се врати таму каде што заслужува да биде

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе