Вести Магазин Наука и здравје

„НИШТО БЕЗ КАФЕ“ Живеат во една од петте светски зони во кои луѓето живеат подолго и поздраво: Ова е ТАЈНАТА НА НИВНАТА ДОЛГОЖЕНОСТ

Костарика е дом на една од светските „сини зони“ каде луѓето живеат подолг и поздрав живот од просекот.

Мелиса Гузман, авторка на книгата „Живеење подолго, поздраво и посреќно: рецепти од Костарика“, сподели со читателите што се јаде во оваа централноамериканска земја и која е тајната на нивната долговечност.

За Костариканците, како што изјавила, тоа што го јадат е исто толку важно како и искуството во кујната и околу масата.

– Длабоко ја цениме заедницата што доаѓа со готвењето – вели Гузман, додавајќи дека како дете секогаш му помагала на семејството да подготвува оброци, а понекогаш и ги биралa состојките.

Најдобар начин да се опише кујната од Костарика е едноставен и свеж, вели Гузман, додавајќи дека нивната исхрана во голема мера се потпира на свеж зеленчук, овошје, житарки и мешунки.

Гравот и другите мешунки се одличен извор на протеини, влакна, сложени јаглехидрати, пробиотици, витамини и минерали. Тие се поврзани со намален ризик од хронични болести како што се срцеви заболувања и дијабетес. Најпопуларни се црниот и црвениот грав, кои обично се служат како дел од касада (традиционално јадење од ориз, грав, зеленчук и протеини) или како супа од грав и зеленчук. Наутот и леќата се популарни овде и може да се користат како замена за традиционалниот црн грав, според Гузман.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Електронска порака од директорката на УЈП, го одложи закажаниот протест

Дејан Дејан

Следниот месец стартува изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Михајло го известувал Дејан за дојави на контроли од МВР и од УЈП – рочиште за „Пулс“ со докази од вештачења на телефони

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе