Вести Економија Македонија Најважни

РКЕ: Минимално покачување на цената на струјата

Во три од четирите потрошувачки блока, цената на струјата ќе поскапи од половина до два отсто, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски. Во просек струјата поскапува за 0,4 отсто за 88 проценти од домаќинствата во државата.

Ценовен шок за граѓаните нема да има. Регулаторната комисија ги соопшти новите цени на струја кои важат од понеделник, а кои се незначително повисоки од досегашните и се движат од 0.8 до 1,9 проценти во зависност од тарифниот блок. Во просек за 88 отсто од домаќинствата во државата кои со потрошувачката се во првиот и вториот блок струјата ќе поскапи за 0,4 отсто.

Бислимовски соопшти дека на универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ му е дадена насока петнаесетте отсто од количините кои оваа година нема да ги покрие ЕСМ да ги набаува на слободен пазар на домашната берза и тоа во периоди кога цената на струјата е блиску до цената на ЕСМ дадена на тендерот и која изнесува 60 евра. Од регулаторната соопштија и дека на цената влијаеле и законските измени на владејачката ВМРО-ДПМНЕ кои беа изгласани во Собранието а со кои се применува на нова маржа од 9,9 проценти наместо досегашните 11,5 проценти.

Новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи почнува да се пресметува од 1 јули. На тендерот што го распиша универзалниот снабдувач „ЕВН Хоме“ беше прифатена цената на АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови и покривање на 85 проценти од потребите, додека за останатите 15 проценти беа пристигнати три понуди, но ниту една не беше прифатена поради високата цена и во текот на идниот месец ќе се распише нов тендер.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе