Вести Македонија Топ вести

Како да се спречи одливот на лекари – Нема студент на медицина кој не оди на курс по германски

Зголемување на платите во здравството, одложување на пензионирањето на матичните лекари и решавање на статусот на непријавените лекари и сестри на клиниките за да се спречи, како што рекоа, егзодусот на здравствени работници во приватниот сектор и во странство, побара Независниот синдикат на здравствени работници. Има многу наталожени проблеми и чекаме да се избере нова влада, па со новиот министер уште веднаш да почнеме разговори за нивно решавање, порачаа синдикалците. Во спротивно нема да има кој да нè лечи.

Просекот кај матичните доктори е 58 години. Луѓе, за седум години ќе немаме матични доктори. Младите бегаат, егзодус има, а од друга страна имаме празни ординации во здравствените домови, каде никој нема најава за концесија, зашто тие се даваат под концесија. Исто треба да се смени законот за пензионирање на овие матични доктори, бидејќи по нивното заминување во пензија, ординациите остануваат празни, вели Боби Бојчевски, претседател на Независниот синдикат на здравствени работници.

На Независниот синдикат на здравствени работници му се придружија и матичните лекари, односно Здружението на приватни лекари. Во земјава има околу 2500 ординации на матични лекари. Мора да се направи нешто за да се задржат лекарите во руралните и средини и помалите градови, велат тие.

Вие не може да правите проекти за долготрајна нега на возрасно и старо население ако немате сестри во Виница, Демир Капија и насекаде. Имаме многу теми околу режимот, казните, натрупани се многу проблеми, секој ден да решаваме по едно мислам дека ќе направиме подобро здравство. Под итно да се зафати новиот министер со распоредување на кадарот за да може пациентот којшто плаќа во овој здравствен систем да добие 24-часовна заштита, а не за едно шпонче во око ние од Велес да мора да ги праќаме во „8 Септември“ во Скопје, вели Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари.

„Јас ги гледам студентите во прва година, нема некој студент којшто не е запишан на курс да учи по германски јазик, не познавам таков. Самото тоа ви кажува на каде се ориентирани нашите идни медицинари, наши под наводници, зашто можеби нема да бидат наши, но ние ќе се трудиме да останат тука“, вели професор доктор Методија Трајановски, претседател на Независниот синдикат на Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Синдикатот најави разговори со новиот министер за итно решавање на статусот на непријавените здравствени работници во скопските клики. Над 1.000 луѓе над 5 години работат за 21.700 денари без здравствено осигурување, а држат цели одделенија.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11-годишен ученик од Прилеп паднал од трети кат во училиште во Прилеп

Дејан Дејан

Годишно околу 170 нови случаи на рак на грлото на матката во Македонија

Дејан Дејан

Хаос на Онкологија: Пациенти останаа без биолошка терапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе