Вести Најважни Свет

Европската народна партија повторно победи, крајната десница “нарасна” на 4-то и 5-то место- Првични проекции за изборите во ЕУ

Според првичните проекции за освоени мандати, десничарската Европска народна партија ќе освои 186 пратенички места. Тоа е повеќе од 25% од пратениците во 720-члениот Европски парламент и е подобар резултат од претходните избори кога пррд 5 години ЕПП освои 176 пратеници.

Првичните проекции ги објави Европскиот Парламент, а нема промена ниту на втората и третата позиција. Втора по број на освоени мандати е Прогресивната алијанса на  социјалистите и демократите (С&Д), социјалдемократската левица во ЕУ. Според проекциите, тие ќе имаат 133 пратеници во новиот состав на Европскиот парламент, или 6 помалку од претходните избори.

Трети по број на освоени мандати, според досегашните резултати, се либералите од Renew со 82 мандати и ќе имаат 20 помалку пратеници од минатите избори.

На 4-тата и на 5-тата позиција се радикалната десница (ECR- Европски конзервативци и реформисти) и крајните десничари од ID-Идентитет и демократија.

ECR е проектирана на  70 мандати (еден повеќе од изборите 2019-та), а ID на 60  или 11 повеќе од 2019-та (втор најголем скок по ЕПП). Голем дел од пратениците на ID или повеќе од половина се претставноци на Националниот собир на Ле Пен од Франција која на изборите во оваа земја го прегази блокот на Макрон кој веднаш го распушти Парламентот и распиша нови избори.

Блокот на Зелените/Европска слободна алијанса е партијата која изгуби две позиции о сега е 6-та, според досегашните проекции има 53 европратеници односно 18 помалку од 2019-та. Проекциите на Левицата и даваат 36 места или едно помалку од претходните избори.

По 50 пратеници се проектирани за партиите кои не се приклучени на ниту еден од блоковите (тука спаѓа крајната десна Алтернатива за Германија и Фидеш на Орбан од Унгарија). Германската Алтернатива “нарасна” до втора позиција во Германија и ги престигна Социјалдемократите на премиерот Олаф Шолц поради што веќе се бараат нови избори во најголемата држава во  ЕУ.

Дополнително уште 50 места се проектирани за европратеници од партии кои досега не биле претставени во Европскиот парламент.

Според овие проекции, трите најголеми партии и натаму имаат мнозинство и може да го водат извршното тело на ЕУ иако еврокомесарите се назначуваат од секоја држава-членка и може да бидат избрани и од претставници кои не се дел од мнозинството.

Ле Пен го порази Макрон, екстремната десница победи на изборите во Франција

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма од Гостивар: Денеска нема цистерни со вода недела е, резервите од шишиња се драгоценост, а капењето вистински предизвик

Дејан Дејан

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе