Вести Македонија Топ вести

СДСМ бркаше пратеник во петка, освои помалку гласа од претходно, пресврт во шестка – Вреди доби пратеник на сметка на ДУИ

Glasacka kutija Ohrid, preglasuvanje parlamentarni

Со пресврт во шестата изборна единица, по прегласувањето на едно избирачко место во тетовското село Ларце во Општина Желино, Коалицијата Вреди доби плус пратеник на сметка на коалицијата предводена од ДУИ. Без пратеничко место остана заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки од ДПА, а наместо неа во собраниските клупи седнува Имрлие Салиу-Фетаи од Алтернатива.

На прегласувањето на шест избирачки места во изборната едница пет немаше суштински промени, иако за пратеничкото место кое го доби Исмаил Јахоски од ДУИ, претендираа и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Коалицијата на ДУИ сега падна од 19 на 18 пратеници, а Вреди од првичните 13, сега ќе има 14 пратеници во Собранието.

Останатите партии останаа на првичните резултати – ВМРО-ДПМНЕ со 58 мандати, СДСМ со 18, и Левица и ЗНАМ по 6 пратенички места.

Пресвртот се случи на гласачкото место 2101 во Ларце. На изборите на 8 мај, Вреди го победи ДУИ со 332 наспроти 134 гласови. На вчерашното прегласување, ДУИ освои три пати помалку гласови, па Вреди ја зголеми разликата на 494 наспроти само 48 гласа за ДУИ и освои пратеник плус.

Во петтата изборна единица, за пратеничкото место на Исмаил Јахоски од ДУИ, се бореа Боби Мојсоски од ЛДП, од коалицијата на СДСМ, и Лазе Јаќимовски од ВМРО-ДПМНЕ. Ако ДУИ освоеше исто гласови како на 8 мај, на СДСМ им требаа плус стотина гласа, а на ВМРО-ДПМНЕ плус околу 300 за пратеник.

Сепак, СДСМ на прегласувањето освои дури и помалку гласови отколку на 8 мај, па ги изгуби шансите. ВМРО-ДПМНЕ го зголеми бројот на гласачи, но и ДУИ го зголеми бројот на свои гласови, па не дозволи изненадување.

На прегласувањето во крушевското село Бучин, гласовите на СДСМ се преполовиле – од 84 на 44, додека ВМРО-ДПМНЕ го зголемиле бројот од 268 на 290.

Во крушевско Јакреново, СДСМ паднале од 56 на 7 гласа, ВМРО-ДПМНЕ од првичните нула освоиле 13 гласа, а ДУИ пораснале од 38 на 91 глас.

На гласачкото место 1470 во село Дебреште во Долнени, СДСМ паднале од 18 на 8 гласа, ВМРО-ДПМНЕ пораснале од 5 на 80, но и ДУИ освоиле 80 гласа повеќе отколку на 8 мај, па од 155 стигнаа до 234 гласа.

На другото гласачко место во Дебреште 1470/1, СДСМ паднале од 28 на само 2 гласа, ВМРО-ДПМНЕ од првичните 17 освоиле 82, но ДУИ освоиле нови 100 гласа, па од 148 дошле на 255.

На едно гласачко место во Струга, каде што се прегласуваше, гласовите на СДСМ се преполовиле од 90 на 41, ВМРО-ДПМНЕ од 237 дошле на 366, но и ДУИ освоиле повеќе од претходно.

Слична е ситуацијата и на гласачкото место 1272 каде што се прегласуваше во Охрид. СДСМ освоиле три пати помалку гласови отколку на 8 мај и паднале од 89 на 27 гласа, ВМРО-ДПМНЕ пораснале од 236 на 303, но и ДУИ освоиле повеќе.

ДИК одлучи да се прегласува на шест места во изборната единица 5 и на едно во шестката, а Управниот суд ја потврди таа одлука. На повеќето од овие места имало за едно гласачко ливче повеќе од бројот на потписи во избирачкиот список што предизвикува сомнеж за нерегуларности, а разликата беше многу мала што можеше да доведе до промени во резултатот, па затоа се прегласуваше.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе