Вести Македонија Најважни

Ученик претепал наставничка и нападнал соученици во училиште во скопско Влае

(ФОТО-Илустрација) Ученик претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае, потврдија за Телма од МВР.

Ученикот нападнал повеќе деца во училиштето на голем одмор. Кога дежурната наставничка по географија сакала да ги раздели, тој ја турнал на земја, ја удирал по глава, и го фрлил мобилниот телефон и и се заканувал

Наставничката добила лекарска помош од Итната помош, таа се жалела на повреди на главата и вознемиреност. Ученикот и претходно правел слични проблеми, станува збор за дете без родители.

Згрижено е во групен дом. Тоа е на возраст под 14 години и не може кривично да одговара. Известени се надлежните институции за социјални работи.

Случајот и инцидентот се пријавени во полициската станица во Карпош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе