Вести Најважни Свет

Претставничкиот Дом даде поддршка за пакетот помош, сега тој треба да биде изгласан во Сенатот

По неколкумесечни превирања во Капитол Хил Претставничкиот дом го одобри пакетот странска помош во висина од 95 милијарди долари, а кој треба да се подели меѓу Украина, Израел и другите сојузници на САД. Конгресните лидери одржаа ретка саботна сесија за да го спречат противењето на тврдодесните конзервативци. Целиот пакет сега ќе оди во Сенатот, кој би можел да го изгласа веќе во вторник.

До гласањето дојде откако Спикерот Мајк Џонсон го промени својот став и по повеќемесечно противење одлучи да го стави законот на гласање а со тоа се стави на линијата на поддршката на демократите.

По ова републиканската пратеничка Марџори Тејлор Грин го нарече Џонсон „куца патка“.

Ова е распродажба на Америка денес. Мислам дека секој Американец во оваа земја треба да биде бесен. Го поддржувам моето мнозинство. Ќе го поддржувам мнозинството и следниот пат. Не го поддржувам Мајк Џонсон, тој е веќе куца патка. Ако го имаме гласањето денес, тој не би бил говорник денес. Тој не може да биде говорник, изјави Тејлор Грин.

 

Сакаме тој да поднесе оставка и да ја објави својата оставка за да не останеме без говорници одреден период. Чесниот начин тој да замине во моментов е да ја објави својата оставка пред време и да даде време да го замениме, претпочитаме да не влегуваме во тој циклус како минатата есен, рече Томас Маси, републикански претставник од Кентаки.

Додека траеше гласањето пред Капитол Хил се собраа голем број демонстранти. Едните пропалестински ориентирани со повик да не се даде помош за Израел другите за Украина, бараа да се даде поддршка за мерката која, доколку биде одобрена од Сенатот, ќе значи 61 милијарда долари помош за Украина која е разорена од војната со Русија.

Колку повеќе чекаме, толку повеќе губиме. А украинската нација, украинската војска не е неограничена. Немаме неограничен број луѓе, немаме неограничени ресурси и имаме историски момент кога можеме да го запреме злото и ние треба да го направиме тоа сега, вели украинскиот активист Јури Ковал.

 

Јас сум Палестински-Американец, моето семејство е од Газа. Изгубив многу од моите братучеди, тетки и чичковци во Газа. Значи, тука сум да се борам како и да можам, како Палестински Американец, изтакна Моатаз Салим, активист.

 Луѓето во украинскиот главен град Киев во неделата ја поздравија веста дека Претставничкиот дом на САД го усвоил клучниот договор за помош за Украина.

Слушнав дека нашиот претседател официјално вели дека можеме да ја изгубиме војната без оваа помош. Ви благодарам многу и вчера беше голем настан. Се надевам дека конечно ќе ги истераме овие „касапи“ од нашата земја и посилните земји ќе ни помогнат, вели Катерина Руда, локален жител.

Четирите нацрт-закони, за обезбедување помош на Украина, Израел, индо-пацифичките сојузници и мерката што се однесува на ТикТок, беа одобрени со големо мнозинство. Нацрт-законите ќе одат во Сенатот следната недела, а доколку бидат усвоени, претседателот Џо Бајден вети дека ќе го потпише пакетот веднаш.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе