Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Ковачевски призна грешки со коалициските партнери

СДСМ ги надгради заложбите за европски стандарди со признавање на грешките со коалициските партнери.

Признанието го изнесе лидерот Ковачевски на големиот митинг пред седиштето на ЕУ, заедно со најава дека по 8 мај во власта ќе има место само за чесните и вредните.

-Признавам дека во изминатиот период правевме грешки, најмногу кадровски, но и политички. Пред се, во соработката со дел од коалициските партнери. Знам и свесен сум дека дел од нив ја поминаа црвената линија и етничките прашања ги направија бизнис. Да, дел од албанските партии, како и од македонските, од етничките прашања направија професија, бизнис и лични кариери. Тоа не е добро и мора да се промени брзо и веднаш, веднаш по 8 мај, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на централниот митинг во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно го напаѓа Ковачевски дека  штити криминали направени од најголемиот коалициски партнер. Го нарекуваат „измеќар, седнат во скутот на криминалците од ДУИ“.

-Ковачевски, да беше тендер за ДУИ и Артан, веднаш ќе сфатеше. Вака, не верувам дека и самиот тој ја сфаќа важноста од национално единство при налетот на ДУИ и криминализирање на Македонија. Разочаран сум од него колку грчевито се бори против националното единство – што е просто неверојатно! Колку гледа да им учини на ДУИ, што покажува дека или е уценет или заедно делат големи проценти од криминалот, рече на митингот во Делчево претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски посочува дека главни противници на идејата за национално единство се  ДУИ кои стравуваат од борбата против криминализирање на Македонија.

Повиците на единство, пред се упатени кон ЗНАМ и Левица, ДУИ ги сфати како поттикнување меѓуетничка и антиевропска омраза и како јавно барање на Македонија без Албанци.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

1078 домашни и 770 странски набљудувачи ќе ги следат изборите во среда

Дејан Дејан

Проширувањето на ЕУ треба да се заснова на рамнотежа на геополитичката волја и заслугите на кандидатите

Дејан Дејан

Полицаец со двајца скопјани киднапирале едно лице, тој ги возел другите двајца го држеле

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе