Вести Култура Топ вести

Ниту плати, ниту зголемување за 12% во културата

Цела седмица доцнат мартовските плати на 3000 вработени во културата. И не само што доцнат , туку културните работници не можат да го добијат зголемувањето за 12% со тие плати, што им следува , согласно Општиот колективен и Колективниот договор за култура, велат од Синдикатот за култура. Тие денеска биле информирани од министерката за култура Костадиновска- Стојчевска дека министерот за финансии Бесими не се сложил вработените во културата да го добијат очекуваното покачување зашто немало пари за тоа.

  • Денеска добивме информација дека тоа нема да се случи. Односно дека министерот за финансии Бесими изјавил дека немало доволно финансиски средства предвидени, за да се случи ова покачување, вели Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот за култура на Македонија.

Од министерството за култура велат дека ги прегледале платите за културните работници, согласно решенијата испратени од установите и ги внеле тие планови во системот. Сега чекаат одобрение од министерството за финансии. А, од Финансии иако побаравме, не добивме одговор.

Од почетокот на април, за проблемот со мартовските плати во културата, алармираа од СКРМ. Прво кажаа дека во диспозитивот од нацрт- решението за пресметка на примањата, што го добиле директорите, отсуствува одредбата од Општиот колективен договор , каде на основицата за пресметка следува зголемување од 10%. Министерката за култура ги демантира, со објаснување дека тој процент го има во член 14 од Општиот колективен договор. Од Синдикатот повторно реагираа дека поединци од министерството им се заканувале на директорите да не прават пресметки со зголемувањето зашто ќе добијат кривични пријави за злоупотреба на државниот буџет. Министерката остана на ставот дека културните работници ќе добијат повисоки плати за 12% и дека постојат струи на кои им пречи враќањето на достоинството на вработените во културата.

Сотир Трајков

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

НАЈНОВА ВЕСТ: Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе